Охрид, 10. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон.
– На стартот, претседателот Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон. Проследи дел од маратонот во придружба на талентирани ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои се гости на претседателот и сопругата како дел од програмата за поддршка на млади таленти „Отворен Кабинет за талентирани ученици“, информираат од кабинетот на Претседателот.
Годинава во машка категорија се натпреваруваат Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.
Единствената учесничка во женска категорија, годинава, е аргентинката Рита Ванеса Гарсија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива