Охрид, 10. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти и 10-ти септември 2022 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале пет возачи на моторни возила кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива