септември 11, 2022

Охрид, 11. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Клубот за подводни дејности „Охрид“ спроведе акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад.

Во акцијата која се одржа на потегот пред селото Трпејца и околните плажи учествуваа 15 нуркачи.

– Учествуваа 15 нуркачи од нашиот клуб кои од езерото извадија автомобилски и камионски гуми, големи кутии, многу пластика и останато ѓубре. За подигнување на целото ѓубре беа потребни две доаѓања на трактор. Да ја чуваме чиста животната средина, порачуваат од клубот.

Проектот е реализиран согласно годишната програма за 2022 на Секторот за животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, во насока на максимално подигање на јавната свест кај граѓаните за важноста на чистата животна средина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Клуб за подводни дејности „Охрид“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука