септември 12, 2022

Скопје, 12. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 9-ти до 11-ти септември 2022 година), направени се 1.286 тестови, при што се регистрирани 179 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 94
• Битола 16
• Куманово 11
• Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино по 6
• Штип и Делчево по 5
• Охрид и Кочани по 4
• Тетово и Берово по 3
• Гостивар и Крива Паланка по 2
• Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар по 1

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 36 реинфекции.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од:

• Скопје 215
• Битола 22
• Кавадарци 14
• Велес 11
• Куманово и Тетово по 10
• Прилеп 9
• Охрид 8
• Берово, Гостивар и Гевгелија по 6
• Кичево и Свети Николе по 5
• Кочани и Струмица по 4
• Штип 3
• Богданци и Македонски Брод по 2
• Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 3 дена (од 9-ти до 11-ти септември 2022 година) пријавени се 2 починати лица, по едно лице од Скопје (79 години) и Валандово (86 години). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 до 89 години. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25-ти август до 1-ви септември 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука