септември 15, 2022

Скопје, 15. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24  часа, направени се 824 тестови, при што се регистрирани 97 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 52
• Битола, Прилеп и Кавадарципо 6
• Куманово и Штип по 5
• Велес 4
• Охрид и Крива Паланка по 2
• Тетово, Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод по 1

Од вкупниот број на позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистриран e 61 оздравен пациент од:

• Скопје 30
• Битола 6
• Куманово и Охрид по 4
• Прилеп и Берово по 3
• Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово по 2
• Велес, Гостивар и Свети Николе по 1

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 до 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во периодот од 16.08.2022 до 09.09.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука