Струга, 22. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција и ОВР Струга, вчера го реализираа превентивно-едукативниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
– Притоа, полициски службеници ги посетија учениците од прво одделение во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ и низ интерактивен пристап на најмладите им презентираа информации корисни за нивната безбедност во сообраќајот, ги запознаа со основните сообраќајни правила и прописи значајни за нив како пешаци-учесници во сообраќајот. На учениците им беше поделен соодветен сообраќајно-едукативен материјал, кој треба да придонесе за нивна поголема сообраќајна култура и безбедност во сообраќајот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива