септември 22, 2022

Скопје, 22. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 704 тестови, при што се регистрирани 57 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 39
• Велес 4
• Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино по 2
• Радовиш и Штип по 1

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од:

• Скопје 54
• Прилеп 10
• Битола 7
• Кавадарци 5
• Велес 3
• Охрид, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 2
• Неготино, Ресен и Крушево по 1

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85 години) и Битола (60 години), лицата се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 20-ти август до 14-ти септември 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука