септември 26, 2022

Скопје, 26. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 24-ти до 26-ти септември 2022 година), направени се 962 тестови, при што се регистрирани 96 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 66
• Куманово 5
• Велес 4
• Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3
• Битола и Штип по 2
• Гевгелија и Неготино по 1

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од:

• Скопје 131
• Куманово и Прилеп по 21
• Битола 19
• Охрид и Штип по 12
• Ресен и Делчево по 10
• Струмица 8
• Велес и Кавадарци по 6
• Гевгелија, Радовиш и Крушево по 5
• Демир Хисар 4
• Тетово 3
• Кичево, Гостивар и Крива Паланка по 2
• Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 3 дена (24-ти до 26-ти септември 2022 година) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87 години) и истото е починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 3 починати лица. Од починатите лица, 2 се пријавени од Скопје (91 и 89 години) и едно лица од Кавадарци (71 години). Од пријавените починати лица, 2 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29-ти август до 15-ти септември 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука