септември 27, 2022

Скопје, 27. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на последната, 85-та седница донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, по што ќе се пристапи кон изработка на Нацрт Законот.

Предлогот за прогласување на ова подрачје за заштитено е поткрепен со Студија за валоризација на Белчишко Блато-Парк на природата изработена во согласност со Законот за заштита на природата и е основа за подготовка на Предлог Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје.

Блатото е хидрографски објект од стратешко значење за општината и поширокиот регион, особено денес, во услови кога светот се бори со климатски промени и кризи за вода. Белчишко Блато има постојана издашност од 2-3 m3/s вода, што теоретски е доволно за водоснабдување на град со околу 400.000 жители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука