февруари 1, 2015

Херез, 1. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Екипата на Мерцедес го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1.

Презентацијата се одржа во шпанскиот град Херез пред почетокот на тестовите.Минатата година „Мерцедес“ го освои шампионатот во категоријата наконструкторите, а пилотите Луис Хамилтон и Нико Розберг станаа шампион ивицешампион.

– Ќе биде тешко да го повториме успехот од 2014 година, но сакаме да го зачуваме овој позитивен импулс и да доминираме во овој спорт многу години. Иоваа сезона ќе има жестока конкуренција помеѓу мене и Хамилтон. Оваа година е година на реванш за мене и многу сум мотивиран, изјави Розберг заофицијалниот сајт на клубот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука