февруари 1, 2015

Пјонгјанг, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Северна Кореја тврди да е подготвена за нуклеарна војна со САД, откако Вашингтон го повика Пјонгјанг да ги исполни своите обврски во врска со нуклеарното разоружување.

За време на редовните воени вежби, лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун изјави дека Корејците „се подготвени за војна и со конвенционално и со нуклеарно оружје“. Тој ја отфрли можноста за каков и да е дијалог со властите во САД, наведувајќи дека „нема желба да преговара со бесни кучиња“.

Медиумите претходно шпекулираа со можните разговори кои наводно започнале меѓу САД и Северна Кореја.

Специјалниот американски претставник за Северна Кореја Сан Ким, за време на посетата на Пјонгјанг го изрази своето разочарување затоа што не успеал да се сретне со претставникот на Северна Кореја, што ги поттикна шпекулациите дека САД ќе се обидат да започнат дијалог со Пјонгјанг. (Крај)

извор: АФП фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука