јануари 5, 2023

Охрид, 5. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска е на природна кота 693,24 м.н.в.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 14 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,38 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8 степени, што е за 1 степен над просекот.

May be an image of text that says 'министерство земоделство, шумарство водостопанство управа хидрометеоролошки работи (споредба 1: дневна хидролошка информацила реките природните езера претходниот ден очекувана генденцила наредниот ден) 05/01 прикажани cm станица- легуновце вардар лепенец 04.01.23 138 146 06.01.23 брод- треска 138 просек јануари 92 44 134 бана- пчина 28 28 72 142 берово брегалница 53 79 76 струмица -струмица 83 дрим 104 114 табела водостои 52 MHM измерени 07:30 23 146.52 нд 146.52 = 693.24 143.99 .доран 693.2 = охрид ез.охрид 7.0 693.38 = 8.0 = изработил: ди 7.0 одобрил: в.д. директор, M-p ивица тодоровски водостој обработка корекција влизание водостојот'

Синоптичарите за денес во Охрид најавија сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне се’ уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука