Охрид, 8. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– Утре претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет. Ќе започне да дува умерен до засилен јужен ветер, а од крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер поради што од вечерните часови претежно во северните делови и на североисток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места но ќе бидат со помал интензитет, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес