Охрид блеска на јануарското сонце на Втор ден Божик

Охрид, 8. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Преубавиот Охрид и денеска блеска на јануарското сонце на Втор ден Божик.

Се’ уште исполнет со гости, кои „крадат“ уште еден сончев ден од зимата во Охрид, кој деновиве повеќе изгледа како да е во Велигденските, а не во Божикните празнувања.

До крајот на овој празничен „маратон“ останува уште Стара Нова Година – Василица на 13-ти, како и големиот верски празник Богојавление Водици на 19-ти и Денот на рибарите на 20-ти јануари.

Да се надеваме дека исполнетите капацитети и големата посетеност деновиве во Охрид ќе биде уште една сериозна најава за новата туристичка сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top