јануари 25, 2023

Hiroo Onoda, јапонски војник кој полни 30 години бил на стража на островот Лубанг на Филипините, без да знае дека завршила Втората светска војна. Полни 30 години, од 1944 до 1974 година се криел и чекал да дојдат неговите.

Разузнавачкиот офицер и експерт за герилско војување Onoda јапонската царска војска во 1944 година го испратила на островот Лубанг крај Лузон и му наредила да не се предава и да чека засилување.

Japanese WWII soldier, who hid in jungle until 1974, dies | The Straits Times

Заедно со тројца негови собороци со години ја извршувале и се придржувале до наредбата која ја добиле од нивниот мајор, не знаејќи дека војната завршила. За нивното постоење филипинската војска дознала во 1950 кога еден војник решил да се предаде и да се врати во Јапонија. Филипинците од авиони фрлале летоци со кои го информирале Onoda дека војната завршила. Тој и неговите соборци се сомневале дека станува збор за пропаганда па продолжиле со шпионирање на филипинските воени објекти и повремени напади.

По смртта на уште еден од војниците филипинските и јапонските власти продолжиле со потрагата која била прекината во 1959 година, бидејќи се претпоставувало дека војниците умреле во џунглата. Но тие повторно нападнале во 1972 година, а во акцијата против филипинските воени сили бил убиен последниот војник на Onoda.

Lot - HIROO ONODA

Од Токио тогаш ги повикале членовите на неговото семејство да го убедат да се предаде, но залудно.

После скоро 30 години и постојаното одбивање да го напушти островот и стражата, откако стаорци му го изеле кундакот од пушката, тој на сите повици одговарал дека има муниција за уште 20 години и дека не ја напушта позицијата и наредбите кои му биле дадени.

На крај се досетиле како да го убедат да се повлече. Го пронашле мајорот кој му ја издал наредбата, му сошиле одело идентично на оние кои се носеле пред 30 години и според стандардната церемонија од тоа време, Онода бил отповикан од должноста.

Почина во 17. јануари 2014 година, на 91-годишна возраст.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука