јануари 27, 2023

Охрид, 27. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полека, но сигурно количината на вода се зголемува, па Билјанините извори го враќаат препознатливиот лик.

Од крајот на септември до втората половина на декември минатата година од овој препознатлив симбол на Охрид периодично сосема малку или речиси воопшто не истекуваше вода. Сега состојбата е различна.

Периодов се бележи и подобрување на хидролошката состојба на Охридското Езеро, иако и понатаму под просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водата е на кота од 693,25 м.н.в, што е за 13 сантиметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в), односно 15 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8 степени.

Можно е да е слика од текст кој вели „МИНИСТЕРСТВО ЗЕМОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО Управа хидрометеоропошки работи- ДНЕВНА ХИДРОЛОШКА ИНФОРМАЦИЛАЗ ЗА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ден Табела водостои 27.01.2023 .2023 cm измерени ЕГНОВЦЕ Вардар влив Лепене 07:30 часот 27.01.23 182 Вардар Д.КАПИЛА- 92 Треска 113 57 115 99 57 т.БАНА- Пчина К.ПАЛАНКА К.Река боГОМИЛА- Брегалница 21 142 106 53 79 СУШЕвО -Струмица Црна Б.МОСТ-Црна Црн Дрим 160 140 80 Нд 46 69 69 122 3Доёран мнм измерени 23 007:30 часот 146.60 нд 146.60 ОХРИД Ез.Ожрид 차 693.24 143.99 = ДОПРΑН 693.25 измерени 843.78 三 07:30 асот ОХРИД Ез.Ожрид 693.38 6.5 8.0 8.0 Нд Одобрип: ВС M-p Ивица Годоровски нипна понатамошна обравотка: корежциц“

Во Охрид денес претежно облачно и студено време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.

– Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините снег. Утре со северен ветер ќе провејува слаб снег. Потоа ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука