февруари 21, 2023

Охрид, 21. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Веќе четврти ден во извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) за хидролошката состојба на езерата и реките стои дека нема достапна информација за водостојот на Охридското Езеро.

Последните мерења од петокот покажуваат дека е на кота од 693,18 м.н.в. односно 23 сантиметри под просекот за овој месец и само 8 сантиметри над минимално дозволеното ниво.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство управа кидром етеоролошки работи- неделна реките станица река легуновце вардар информацила природните во 07:30 15.02.23 114 16.02.23 вардар 8.02.23 99 19.02.23 118 24 100 70 120 24 102 17.02.23 135 25 09 130 .капија- 104 132 пелинце пчина 28 132 16 берово- 16 16 80 н.село 80 18 79 78 78 ложани 46 дрим 157 46 80 45 79 45 111 8 з.доран MHM 46 45 111 6 47 часот 146.60 146.60 нд 146.60 146.59 693.19 н.доран ез.доран 693.18 нд 6.0 4.5 изработил: проверил:ау одобрил:вс директор, акумулации надвор редовниот нивна понатамошна обработка корекција влијание“

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство -управа хидрометеоролошки (споредба 1: дневна хидролошка информацира3 реките природните F3Fpa претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) 21.02.2023 cm таница- река легуновце- вардар влив- лепенец 20.02.23 134 21.02.23 30 28 велес 22.02.23 просекз февруари 86 -вардар брод пчина бана 41 132 28 52 28 58 50 59 90 берово брегалница брегалница сушево -струмица 79 86 26 ≡ дрим сатеска 81 111 110 149 табела2 водостои прикажани 130 измерени = 146.59 07:30 часот 146.59 охрид нд = 841.96 144.08 нд 07:30 часот 693.41 4.5 изработил: гм проверил: Ay в.д. директор, M-p ивица тодоровски понатамошна обработка корекција промената“

OhridPress редовно ја следи оваа исклучително важна тема, во насока на создавање постојан медиумски притисок кон одговорните. Според нашите анализи од почетокот на февруари нивото на водата во Охридското Езеро бележи константен пад.

Нема достапен опис

Граѓаните кои до нашата редакција и натаму испраќаат фотографии од различни локации долж охридското крајбрежје коментираат дека ако вака продолжи нашето однесување кон езерото како кон вештачка акумулација, за брзо време, сегашниот прв ред кафе барови и ресторани, може да биде втор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука