март 1, 2023

Охрид, 1. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридското здружение ЕКО ФАП продолжи со активности во насока на поубав и почист Охрид.

Дел од нивните членови вчера спроведоа акција за чистење на просторот над населбата „Бараки“. Делови од покуќнина, троседи, пластички шишиња, кеси и најразличен ситен отпад беше само дел од она што го собраа.

Можно е да е слика од 2 луѓе, дрво и надвор

Можно е да е слика од 4 луѓе, надвор и дрво

Можно е да е слика од дрво и надвор

Охридското здружение ЕКО ФАП досега реализираа бројни ЕКО акции, кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЕКО ФАП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука