февруари 2, 2015

Сиетл, 02. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од една третина од родителите велат дека поминувале  десет минути или помалку со педијатрите на нивните деца, што се загрижувачки бројки, вели д-р Венди Сју Свансон, педијатар во  Детскиот оддел на  болницата во  Сиетл.

Често носете ги децата на прегледи. Ако се грижите за развојот на вашето дете, важно е да го носите често на преглед, бидејќи раната интервенција значи подобри резултати, додава д-р Свансон.

Многу родители  драгоцено време трошат во пребарување на соодветни лекови за некоја болест на интернет. Она што ќе го каже  педијатарот, може да има сосема различна дијагноза или решение.

Интернетот е одлична можност за прибирање на информации, но не и кога станува збор за здравјето на децата. (Крај)

извор: ОхридПрес/Foxnews фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука