февруари 2, 2015

Истанбул, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Турските емдиуми јавуваат дека босанскиот интернационалец Един Џеко би можел да го напушти Манчестер сити и да се пресели во Турција.

Екипата на Фенербахче е заинтересирана за неговите услуги, а првиот човек на клубот Азиз Јелдрим за неговиот трансфер понудил 12 милиони фунти.

Според медиумите во Турција, Фенербахче ќе ги вложи сите напори да го доведе Един Џеко, а трансферот најмногу ќе зависи од него.

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука