февруари 2, 2015

Охрид, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во книжарницата „Матица“ продолжува славењето на зборот, словото и книгата, во рамките на проектот „Книга во секој дом“.

Во првата седмица од февруари ќе биде промовирано најновото дело на современиот македонски автор Славе Ѓорѓо Димовски.

Во петок, 6-ти февруари, со почеток во 19:00 часот ќе биде претставена избор поезија „Ткаења“ на Славе Ѓорѓо Димовски од Охрид. За поетскиот избор, со кој се одбележуваат два јубилеи, 55 години од раѓањето на авторот и 35 години од објавувањето на првата поетска книга ќе говори Веле Смилевски, Претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Оваа недела исто така ќе бидат претставени нови дела на Панде Манојлов, Јован Дамјановски, Коле Манев, Трајче Кацаров. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука