мај 9, 2023

Охрид, 9. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општинското основно музичко училиште „Методи Патче“ ќе запишува ученици, кои во учебната 2023/2024 година ќе бидат прво или четврто одделение.

Во прво одделение учениците може да се запишат на отсекот пијано или виолина, додека во четврто одделение на отсекот по флејта, кларинет, хармоника и гитара.

Нема достапен опис

– Aудицијата за сите заинтересирани ученици ќе се одржи на 17-ти мај од 16:00 до 19:00 часот во просториите на училиштето. Подетални информации може да се добијат на телефонскиот број 046/269-139, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука