мај 9, 2023

Охрид, 9. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат успесите на талентираниот охриѓанец Лео Нелоски, ученик во деветто одделение во ОУ „Григор Прличев“.

Тој го освои првото место и златен медал на Меѓународниот натпревар во Босна и Херцеговина, во областа на физиката, на тема „Хидраулика и нејзината примена“.

Можно е да е слика од 9 луѓе, бина и текст

На натпреварот учевствуваа 450 ученици од основните училишта од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Ова е само доказ дека Нелоски го одржува континуитетот кога се во прашање успесите и тоа на повеќе полиња како математика и биологија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука