мај 9, 2023

Вевчани, 9. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од КУД „Дримкол“ го најавуваат годишниот концерт и уште еднаш го потврдуваат cвојот cтатуc-амбаcадор на вевчанcката и македонcката култура и традиција.

Концертот насловен „Шетав се рашетав низ нашта земја богата“ ќе се одржи во Домот на култура во Вевчани, во недела, на 14-ти мај 2023 година, со две изведби во 18:00 и 20:00 часот.

Билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари.

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со своето долгогодишно постоење има оставено белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности. Формирано е под името „Печалбар“, а подоцна се преименува во „Дримкол“ и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност. Како национално богатство друштвото ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоените дипломи, награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали. Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Република Македонија. Но и покрај изворниот фолклор на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава. Друштвото денес има членови од 7 до 55 години, распоредени во составите кои работат во рамките на друштвото: фолклорните ансамбли, пејчката група, изворниот оркестар. КУД „Дримкол“ е класифицирано како друштво од Прва категорија во рамките на Министерството за култура на Република Македонија, класификација која од една страна претставува признание за долгогодишната успешна работа, а од друга страна и мотив за поголем придонес во развојот на Македонската култура и традиција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука