мај 12, 2023

Охрид, 12. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тамара Стојаноска и Марио Јованоски, ученици во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, под менторство на педагогот Андријана Паскали, со филмот „The perfect life“ го освоија третото место на „Образовното рандеву 2023“, што се одржа во Гостивар, под организација на Младинска Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија (МАССУМ).

– Актуелната тема на филмот е иселување на младите од државата како масовен тренд, што за жал ја отсликува суровата реалност на денешницата, потенцираат младите автори.

Погледнете го нивното дело.

извор: ОхридПрес фото/видео: Тамара Стојаноска/Марио Јованоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука