мај 14, 2023

Охрид, 14. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.

– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.

Денешниот „срамизам“ сведочи за купот градежен шут, кој некои меѓу нас помислиле дека е добра идеја да го фрлат под Самуиловата тврдина.

Е па пријатели… Срамизам… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Isan Osman

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука