мај 18, 2023

Охрид, 18. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, синоќа се одржа концертот „Гимназиски Макфест“.

Станува збор за хуманитарен музичко-сценски настап, за кој организаторите порачаа дека „ќе не внесе во светот на македонската музика од почетокот до нејзината сегашност.“

– Не пропуштајте. После три години чекање, многубројни препреки и сопки, не се откажуваме и Ви го претставуваме Предновогодишниот хуманитарен концерт (ама напролет) – концерт кој ќе Ве внесе во светот на македонската музика од почетокот до нејзината сегашност. Ве очекуваме во што поголем број затоа што Ние не сме професионалци, ние сме ГИМНАЗИЈАЛЦИ, порачуваа пред концертот организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Margarita Minovski

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука