мај 18, 2023

Охрид, 18. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со поетски мисли преточени во убав збор изрецитирани во придружба на музички интерпретации од талентираните матуранти се одржа поетскиот вознес на нашите гимназијалци „Со збор кон непремолк“, под менторство на професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски.

– Талентот на матурантите се покажа пред останатите ученици, како и деветтодделенците, исполнувајќи една желба со цел да остане белег на оваа генерација и настанот да прерасне во традиција. Стихови рецитираа: Александар Ковачески, Маја Наумоска, Дарија Крлевска, Даниел Митрески, Елена Лангоска, Емилија Секулоска, Миа Спироска (сите од IV-7), Ева Трифуноска (IV-8) и Леонид Трпоски (IV-3). Музичка интерпретација: Димитар Назифовски (гитара), Владимир Наумоски (синтисајзер), Димитар Трајаноски (тапани) сите од IV-8 и Ангел Карали (гитара) од IV-6. 15 срца златни како едно и сите со јасна порака:
И јас сум Св. Климент! Нека зборот секогаш биде најмоќното оружје кон непремолк во животот, порачуваат од ОСУ „Свети Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука