мај 20, 2023

Скопје/Охрид, 20. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – И покрај забелешките на екологистите и здруженијата за риболов, Oхридско Езеро е дадено под концесија за комерцијален риболов.

– Компанијата која ја доби концесијата дала рекордна цена, вели за Тв21 министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, кој смета дека со ова ќе се стави крај риболовот на црно.

Екологистите и активистите од Охрид секогаш биле против давањето под концесија на Охридското Езеро. Велат дека според планот на УНЕСКО, такво нешто не е предвидено.

Но, министерот Николовски смета дека со ова ќе се воспостават правила. Вели дека кои се против концесијата, имаат други интереси.

Охридското Езеро нема концесионер од јануари 2020 година кога државата ја укина концесијата со компанијата „Летница-Белвица“, бидејќи не се водела точна евиденција за тоа колку риба е ловена. (Крај)

извор: Тв21/Салије Садику фото: архива видео: Тв21

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука