мај 20, 2023

Охрид, 20. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигнаа уште еден забележителен успех на Меѓународниот натпревар од областа на електротехниката и мехатрониката „Балкан Јуниор 2023“, кој на 19-ти мај 2023 година се одржа во Никшиќ, Црна Гора.

– Нашиот тим составен од учениците Бојан Петроски од образовниот профил Техничар за производно машинство и Наум Алачоски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување под менторство на професорите Наташа Јанковска Китани и Ангеле Буџакоски го освои првото место. Големиот успех е дотолку позначаен, затоа што е освоен во конкуренција на средни училишта од Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција и Романија, потенцираат од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

На учениците и менторите им го честитаат постигнатиот успех и им посакуваат уште поголеми успеси и во иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука