мај 21, 2023

Охрид, 21. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид ја прославија својата матура во охридскиот хотел „Гранит“.

– Прославата помина во расположба, веселба и дружење. Од се’ срце им го честитаме матурирањето и им посакуваме успех и среќа во светот на возрасните, порачуваат од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Од комплетните екипи на Супер радио и OhridPress на матурантите им посакуваме многу успех, пред се’ во понатамошното образование, но и во животот.

Да ни бидете успешни, среќни, горди и исполнети, почитувани во својата татковина, затоа што иднината е само ваша. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука