октомври 23, 2014

Сочи, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека не е заинтересиран за мислењето на Западот во врска со прашањето на Крим, како и другите внатрешни работи на Русија.

– Не се грижам за мислењето на запад и сум подеднакво рамнодушен кон нивните мислења и за други прашаеа околу внатрешните работи на Руската Федерација, изјави Лавров во Сочи.

Лавров претходно, во својот говор за прашања од надворешната политика на Русија, изјави дека меѓународното признавање на Крим не е зависно од Русија. Лавров смета дека е важно да не се дозволи прекинување на процесот на хармонизација на линијата на разграничување меѓу про-руските и украинските воени сили во југоисточна Украина. (Крај)

извор: Танјуг фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука