мај 22, 2023

Охрид, 22. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на одбележувањето на патрониот празник, денеска во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид се одржа отворен ден.

Во училишниот двор се одржа саем на компании, каде се претставија неколку виртуелни компаниии создадени од самите ученици презентирајќи бизнис идеи, а учествуваа и 20-на компании од реалниот сектор како соработници на училиштето и места каде учениците посетуваат пракса.

– Со ова сакаме да им возвратиме на компаниите да се промовираат тука кај нас, да им се заблагодариме за соработката што ја имаме во текот на целата година и поради тоа што им овозможуваат на учениците да стекнат и практично знаење, истакна директорот на училиштето Ристе Јанкоски.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Покрај тоа деветтоодделенците имаа можност да се запознаат со условите за школување како и изборот на профили што се нудат во ова училиште.

– Располагаме со 152 слободни места, имаме една медицинска паралелка, потоа насоките е-трговија и дигитален маркетинг економски техничар и две дуални паралелки за оваа година од економски техничар, лани имавме една, оваа година две паралелки. Учениците во дуалните паралелки добиваат стипендија во висина од 3.500 денари за период од 9 месеци, додава Јанкоски.

Нема достапен опис

Директорот Јанкоски истакна дека во текот на оваа година се реализирани бројни проекти од реконструкција на училиштето, нова фасада, обновен е системот за греење, поставена е хидрантска мрежа, дворот е соодветно партерно уреден и подигната е безбедноста во самото училиште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука