мај 23, 2023

Охрид, 23. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе градежни и реконструктивни зафати реализирани изминатиов период, значително се подобрени условите во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Покрај во внатрешноста, подобен е и ликот на објектот и училишниот двор. Од промена на електрична инсталација, партерно уредување, до енергетски ефиксна фасада и нова хидрантска мрежа околу школото се само дел од реализираните проекти.

Следната грејна сезона оваа образовна установа ќе ја дочека подготвена бидејќи е променет и системот за греење, па училиштето ќе се затоплува со нов економичен систем на греење со топлотни пумпи, потенцира во разговор за Супер радио и OhridPress првиот човек на стручното училиште Ристе Јанкоски.

Нема достапен опис

– Се направија големи градежни зафати во нашето училиште целосно е променета електричната инсталација во објектот, беше многу стара без заземјување.Се промени системот за греење имаме нов економичен систем на греење со топлотни пумпи што ќе се активира следната грејна сезона, што ќе трошат многу малку енергија. Имаме ново партерно уредување, со летниковци, фонтана, училница на отворено.. Потоа имаме нова, енергетски ефиксна фасада на цело училиште, нова хидрантска мрежа околу школото. Имаме нови смарт табли во училниците, IT опрема компјутери, кабинетите по медицина се комплетно опремени за учениците да можат на професионален начин да ја следат наставата, сé со цел да имаме поуспешна реализација и поголем квалитет на наставата. Сите зафати се реализирани од блок дотации, истакна Јанкоски.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тој додаде дека во периодот кој следи ќе се изработи и нов проект за производство на електрична енергија, со поставување на фотоволтаици на кровот од училиштето, а во однос на дополнително подобрување условите ќе следи и промена на подовите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука