мај 24, 2023

Охрид, 24. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Славјан Митаноски, ученик во трето одделение при ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид ја освои првата награда на 48-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Како дел од годинешното издание на „Илинденски денови 2023“, наградата му беше врачена на манифестацијата која се одржа во НУ Центар за култура во Битола.

Млаиот и талентиран Славјан е успешен и на полето на пишаниот збор, но и спортот. Тој беше помеѓу најдобрите и на последниот литературен конкурс распишан по повод „Св. Климент Охридски“, а бројни се и неговите успеси како член на карате клубот „Чоле“ од Охрид.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, Битола е воспоставен во 1971 година, со подршка на Собранието на Општина Битола, Културно-просветните заедници на Македонија и Битола, а под покровителство на Собранието на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука