мај 26, 2023

Охрид, 26. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – И покрај неизвесноста изминатов период, матурантите утре го полагаат првиот екстерен испит од државната матура, како што и беше планирано.

Првиот испит е македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

Од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ го објавија и распоредот за полагање.

Полагањето започнува во 10:00 часот, учениците треба да бидат во училиштето половина час пред испитот и со себе да носат документ за лична идентификација.

Нема достапен опис.

Државниот испитен центар кон крајот на минатиот месец започна штрајк со барање за повисоки плати, со што беше доведено во прашање полагањето на испитите од државната матура согласно утврдениот календар. Оттаму бараа од МОН да го измени календарот за полагање, но од ресорниот министер беше потенцирано дека ќе се направат напори роковите да се испочитуваат. Шаќири рече дека ги поддржува барањата, но да се види погоден момент за реализирање целосно на тие барања.

И од Сојузот на средношколци како оправдани ги оценија барањата на вработените во ДИЦ, но и потсетија дека како што правото на штрајк е уставно загарантирано и правото на образование исто е дел од Уставот и државна матура мора да има во предвидениот рок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука