мај 28, 2023

Охрид, 28. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

Традиционално, и овој негов успех беше силно поздравен од бројната заедница на Турците во Охрид, а повторно беше поставена и негова голема слика на куќа на улицата „Даме Груев“, во познатата охридска „Карабегомаала“.

Ердоган, пред насобраните приврзаници истакна дека единствен победник е Турција, им се заблагодари на граѓаните што гласале и додаде дека оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

Во меѓувреме, неговите подржувачи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веќе ја слават победата на претседателските избори.

Со нешто над 98 проценти обработени гласачки кутии актуелниот Ердоган води пред противкандидатот опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу со 52.12 наспроти 47.88 проценти од гласовите.

Според новинаската агенција Анадолу за Ердоган гласале 26.891.260 гласачи, додека за Киличдароглу 24.706.361.

Иако државната комисија сѐ уште официјално не го прогласи за победник, честитки за новиот мандат на Ердоган започнаа да пристигнуваат од странство. Прв му честиташе катарскиот емир Тамим Бин Хамад, а за неспорната изборна победа честитки пристигнаа и од унгарскиот премиер Виктор Орбан. (Крај)

извор: Телма/ОхридПрес фото: ОхридПрес/Јово Упески

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука