мај 31, 2023

Охрид, 31. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена академија, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид го одбележа Патрониот празник на училиштето.

– Годинешниот патронат го посветуваме на македонскиот великан и лиричар Ацо Шопов, бидејќи оваа година се прославува 100-годишнината од неговото раѓање. Ацо Шопов е човек кој е еден од основоположниците на современата македонска поезија оставајќи белег во македонската книжевна наука и потврда за македонскиот идентитет, поет-познавач на човековата душа и гласен говорник на емоциите кои произлегуваат од неа. Нашите ученици, преку неговите стихови одговорија на неговото „Чуму ни се поетите и уметноста“. Креативноста и мотивацијата за личен развој на учениците и професорите како дел од автентичноста на секоја личност не беше изоставена и за промоција на нашето училиште оваа учебна 2022/2023 година, порачаа од училиштето.

Пред присутните се обрати првиот човек на стручното училиште Ристе Јанкоски, а програмата беше збогатена со музичкиот перформанс на хорот и оркестарот на нашето училиште и музичката изведба на ученичката Марија Младеноска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука