Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – За учебната 2023/2024 година во охридските основни училишта досега се запишани вкупно 445 првачиња, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа.
Оваа бројка е за 50-на помалку во однос на овој период минатата година. Но, со оглед на тоа што уписи ќе има и во август се очекува бројот на децата што за првпат ќе седнат во школските клупи да се зголеми.
Учебната 2022/2023 година ја започнаа 539 првачиња. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 3