февруари 3, 2015

Чаудограм, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Седум лица загинаа во Бангладеш, откако непознати лица фрлиле шише со запалива течност во возило.

Како последица на инцидентот, други 15 лица биле повредени.

Нападот се случил во близина на градот Чаудограм, кој се наоѓа на истокот во земјата. Седуммината патници кои настрадаа, изгореле во инцидентот. Повредените се хоспитализирани. Состојбата на 5-мина од нив е многу тешка, кои се со изгореници помеѓу 40% до 80%.

Властите го обвинија за трагедијата лидерот на опозицијата. Спроведени се претреси во околните села, но засега нема уапсени. Според првичните податоци автобусот бил нападнат од активисти на опозициската националистичка партија на Бангладеш. (Крај)

извор: ОхридПрес/АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука