Вевчани, 23. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јуни 2023 година, околу 14:00 часот, при контрола во патниот сообраќај на локален пат во општина Вевчани, полициски службеници сопреле товарно возило марка „Мерцедес“, кое вршело транспорт на огревно дрво, управувано од страна на 24-годишниот С.Ц. од струшкото село Октиси.
– По извршени проверки било констатирано дека тој вршел нелегален транспорт на огревно дрво, за што е известена Шумската полиција од Струга. По комплетно расчистување на случајот, согласно Законот за шуми, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 2