Чиба, 12. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската репрезентација постигна забележителен успех на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023), најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта.
Натпреварот годинава се одржа од 2-ри до 13-ти јули 2203 година во Чиба, Јапонија, а нашата екипа се врати со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.
– Дамјан Давков (златен медал; со освоени 32 поени)
– Алексиј Тасиќ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
– Никола Цветаноски (бронзен медал; со освоени 23 поени)
– Никола Спировски (бронзен медал; со освоени 19 поени)
– Јан Стојановски (пофалница; со освоени 17 поени)
– Бранко Јангеловски (пофалница; со освоени 11 поени)
Дел од македонската екипа беа и охриѓаните Кристијан Шишкоски и Емилија Николовска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива