февруари 3, 2015

Париз, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Осум лица беа уапсени во Париз и во Лион под сомнение дека биле вмешани во мрежа која испратила борци во Сирија за пристапување кон исламските џихадисти, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Уапсените не се поврзани со терористичките напади во Париз од 7 до 9 јануари. Франција го зголеми нивото на будност по терористичките напади на сатиричниот магазин и во супермаркетот, кога беа убиени 20 лица.

Стотици француски граѓани им се приклучија на џихадистите во Сирија и Ирак. (Крај)

извор: ОхридПрес/Танјуг фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука