февруари 3, 2015

Охрид/Гевгелија, 3. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Културно Уметничкото Друштво „Браќа Толеви“ од Гевгелија, покрај традиционалните игри од нивниот крај, негуваат љубов и кон народните песни и игри од охридскиот крај.

Членовите на ова друштво велат дека се импресионирани од посебноста на фолклорот во Охрид и охридскиот крај, како и колоритноста на охридските народни носии, кои имаат посебно истакнати везени скутини, па одлучиле во поголем дел од нивниот репертоар, да внесат и сплет на игри и песни токму од Охрид. Овој проект е повод и за понатамошна соработка со охридските фолклорни друштва.

Годинава тие ќе одржат и концерт со наслов „Охридски игри“, а токму тој проект е содржан во годишната програма за работа на институции и поединци од општина Гевгелија кои се од национален интерес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука