август 16, 2023

Охрид, 16. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Изборот од гастрономската понуда на Охрид како дел од гурманската тура низ Македонија се вкусната пастрмка и рибината чорба, како и ѓомлезето и макалото.

– Уживајте во регионалните вкусови со илустрираната гастрономска карта на Македонија, изработена од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Истражете, вкусете и доживејте го срцето на македонската култура, потенцираат од Агенцијата.

Како понуда за соседна Струга е наведена јагулата и свинското под сач.

Комплетната гурманска тура низ Република Македонија можете да ја погледнете ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука