октомври 23, 2014

Лондон, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер изјави дека борбениот дух на неговата екипа бил пресуден за победата над Андерлехт во третото коло од Лигата на шампионите.

– Ова беше важен натпревар за нас. Дадовме два убави гола. Имавме дух и сега сме во добра позиција, затоа што Галатасарај и Андерлехт имаат само по еден бод. Ни треба уште една победа дома и одиме натаму, изјави Венгер.

Со головите на Гибс во 89. и Подолски во 91. минута екипата на Арсенал стигна до победата.

– Секоја чест за фудбалерите, не се откажавме. Не беше лесно да се игра, но не се предадовме. Ова е голема победа за нас, изјави Гибс по натпреварот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука