Охрид, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Први септември е денот кој сите деца нестрпливо го очекуваат, а највозбудени беа нашите првачиња, порачаа од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, каде бројни првачиња утрово за прв пат седнаа во училишните клупи.
– Денеска нашиот училишен двор беше исполнет со насмевки, песни и ѕвонливи гласчиња на нашите ученици. Од денеска тие имаат уште еден топол дом кој секое утро ќе ги дочекува со широка прегратка, дом кој ќе ги учи многу нешта, но пред се нешта што не се учат само од книга, туку со срцето. Драги ученици, Ви посакуваме среќен почеток. Многу успеси, награди, пријателства, искреност и подадена рака, им порачаа на најмладите од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2