февруари 4, 2015

Охрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународен ден на јогата е прогласен 23-ти февруари, а годинава активностите се со цел да се насочат младите генерации кон практикување на позитивни животни навики и здрав начин на живот.

Јогата е начин на живот. Тоа не е само вежбање на физички вежби за телото туку е и смирувачки метод преку кој децата можат да ги видат сопствените потенцијали и зајакнат самодовербата. Со редовно практикување на Јога вежбите младите ќе го зајакнат и обликуваат телото и мускулите – односно скелетната градба и на тој начин полека ќе извршат корекција на ставот (држењето) на телото го и ќе се подобри здравјето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука