Охрид, 6. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните тоалети.
– Обезбедивме подобри услови за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј. Продолжуваме во континуитет да инвестираме во образовните институции и да ги осовременуваме условите за настава, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1