Охрид, 10. октомври 2023 (ОРХИДПРЕС) – Дафина Митаноска, ученичка во прво одделение во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид ја освои втората награда на ликовниот конкурс на ЗОН „Учител” на тема „Мојот учител- моја инспирација“.
На Конкурсот, кој беше распишан по повод Меѓународниот ден на учителот 5-ти Oктомври, благодарница за успешно учество доби ученичката Јована Стрезоска.
– Првата награда за моите првачиња и поттик за плодна и успешна учебна година, вели учителката Виолета Петковска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1